24. 9. 2019
Веќе подолго време се молевме за две блиски ромски населби - Хачава Скиале и Мутник - добриот Бог да ни ги отвори таму вратите. Кога во мај нè повика месниот центар за заедницата да им се придружиме на Мутник во проектот Samaritan's Purse, со радост го примивме тоа како услишена молитва. Samaritan's Purse е проект на Френклин Греам, чија суштина е децата од побогатите делови на светот да спакуваат подароци за деца од посиромашните делови, а притоа им се проповеда евангелието на нашиот Господ Исус Христос. Но тоа не завршува таму: децата можат да се пријават на следните часови и да дознаат повеќе за Господ Исус и за другите ликови од Библијата.

Кај нас се пријавија 13 деца и од јуни почнавме со часовите. Се собираме понеделник пред вечер, пееме песнички, играме игри, учиме стихови, ја слушаме поуката и постепено ги пополнуваме шарените учебници. Откако ќе завршат сите лекции, нè чека и завршна прослава со изненадување.
